Центарот на Скопје остана без парно греење

од desk2
106 прегледи

Поради дефект во дистрибутивната мрежа прекината испораката на топлинска енергија за дел од потрошувачите во Општината Центар, соопшти Балкан енерџи груп (БЕГ). Од таму велат дека поради дефект на секундарен вод од дистрибутивната топлинска мрежа, во близина на Собранието, привремено е прекината испораката на топлинска енергија за дел од потрошувачите од централното градско подрачје.

Без парно греење се граѓаните кои живеат на улиците „Даме Груев“ бр. 2, 4, 6 и 8, „Македонија“ ББ (Спомен куќа на Мајка Тереза, Дом на АРМ), бр. 6, 10 и 16, „Луј Пастер“ ББ (Палата Македонија), „11 Октомври“ бр. 6 и 8 и „Димитрие Чуповски“ 1.

„Екипите на Дистрибуција со топлина Балкан енерџи се на терен и според проценката се очекува во најбрз рок дефектот да биде саниран, по што ќе се нормализира испораката на топлинска енергија. За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на тел: (02) 3076 200“, се наведува во соопштението на БЕГ.