Богдановиќ: Место барок ќе правиме енергетско-ефикасни фасади

од desk2
116 прегледи

Кандидатот за градоначалник на општина Центар Саша Богдановиќ најави енергетски ефикасни фасади во населба Пролет, каде што многу згради се распаѓаат и покривите прокиснуваат, но и во други делови на Центар.

– Но нема да правиме барок како што тоа го правеше Коце Трајановски, туку енергетски ефикасни фасади кои ќе го задржат автентичниот изглед, рече Богдановиќ. Истакна дека досега се реконструирани 11 фасади.

– Енергетските ефикасни објекти користат помалку енергија за затоплување и за ладење. Со ова сметките за струја ќе бидат помали за една третина.

Дополнително, со намалената потрошувачка на електрична енергија се чува и животната средина. Општина Центар ќе помогне и во реконструирањето на покривите на постарите станбени објекти, најави Богдановиќ. Најави дека како градоначалник ќе работи за подобрување на квалитетот на живот на сите центарци за чиста, зелена и одржлива општина./MIA