Испукани куршуми, прскање со спреј, и скршени стакла на штабови

од desk2
91 прегледи

Изминатите 24 часа полицијата регистрирала три инциденти поврзани со претстојните локални избори, информира денеска МВР.


Првиот инцидент е регистриран синоќа во село Арачиново, додека активисти на политичката партија БЕСА лепеле плакати непознато лице од автомобил испукало еден куршум во воздух од огнено оружје, по што заминало во непознат правец.

Во населба Драчево непознат сторител со камен го оштетил стаклото на штабот на политичката партија Обединети за Македонија.

На булеварот „1-ви Мај“ во Битола полициски службеници затекнале три лица како со црн спреј прскаат на изборно пано со плакат од кандидатот за градоначалник на политичката партија СДСМ.