Ричард Талер добитник на Нобаловата награда за економија

од desk2
120 прегледи

Американскиот економист Ричард талер е овогодишен добитник на Нобелова награда за економија за придонес во областа на бихејвиоралната економија, соопшти Шведската академија.


„Придонесите на Ричард Талер изградија мост меѓу економијата и психолошките анализи на индивидуалното одлучување, соопшти академијата.

Во текстот се додава дека неговите мепириски сознанија и теоретски размислувања биле инструментални во креирање на ново и брзорастечко поле на бихејвиоралната економија која изврши големо влијание на областите на економски истражувања и политика.

Талер ќе добие и парична награда од 9 милиони шведски крину, (1,1 милиони долари).

Нобеловата награда за економија се доделува од 1968 година. Таа не бепе дел од оригиналните награди кои ги дефинира Алфред Нобел во својот тестамент 1895 година.