ДПА своите изборни активности ги продолжи во Гостивар, каде што го претстави својот кандидат за градоначалник, Себајдин Изаири и листата на кандидати за советници. Изаири пред присутните вети дека ако стане градоначалник ќе го реши проблемот со загадувањето од депонијата Русино, ќе изгради и прошири некои патишта и ќе изгради нов зелен пазар.
„За време на мојот мандат ќе побарам од владата и јавно-приватните инвеститори рециклирање на отпадот, додека за фабриката “Силика” ќе побарам неизбежно да постави филтри. Во првите три месеци ќе го ставам во функција зелениот пазар, таму каде што беше порано. До крајот на мандатот ќе го отворам патот Браќа Ѓиноски и ќе ги преименувам улиците кои се уште ги носат имињата од комунистичкиот систем, како што е улицата “ЈНА”. Посебно внимание ќе му посветам на образованието, бидејќи тоа е иднината на нашите деца.” – изјави Себајдин Изаири, кандидат на ДПА за Гостивар