Ативисти на партијата Беса синоќа пријавиле во полиција дека додека лепеле плакати во селото Арачиново, во нивна близина застанало возило „голф“, од кое непознато лице истрелало еден куршум од огнено оружеј, по што заминало во непознат правец.

Активистите, како што информираат од МВР, на местото нашле чаура, која ја однеле во полициското одделение во Арачиново.
Инаку, од МВР информираат и дека ноќеска, четириестина минути по полноќ, на булеварот Први мај во Битола, полициска екипа од СВР Битола затекнала три лица, на возраст од 22 до 29 години, како со црн спреј прскале на изборно пано со плакат од кандидатот за градоначалник на СДСМ.
Против тројцата битолчани се поднесени прекршочни пријави по член 49 од Изборниот законик.