Тим австралиски стручњаци тврдат дека откриле ефикасен начин за надминување депресија.

Во студијата објавена во „Американ џурнал оф сајкајатри”, а којашто траела 11 години, учествувале над 22.000 здрави Норвежани. На почетокот и на крајот од експериментот одговарале на прашања во врска со нивната психичка состојба и физичките активности.
На почетокот, 12 отсто од испитаниците одговориле дека не практикуваат никакви вежби, додека пак, одговорите на останатите учесници варираат – од „вежбам до 30 минута неделно” до „вежбам повеќе од четири часа неделно”.
Наредните години, седум отсто од луѓето покажале симптоми на депресија, а кај девет отсто се појавила анксиозност.
Иако не е пронајдена никаква директна врска помеѓу тренинзите и депресијата, научници строго препорачуваат умерена физичка активноста оти тоа контролира и други потенцијални фактори за појава и развој на психичка растроеност, како што се староста, полот, пушењето, конзумирањето на алкохолот и телесната маса.
Вежбањето не мора да биде интензивно, ниту пак долготрајно. Еден час неделно е сосем доволно, нагласуваат стручњаците.