Сојузот на Иран со Турција е закана на плановите на Русија и САД

од Vladimir Zorba
94 прегледи

 

Независимаја газета – Москва 

Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека односите меѓу неговата земја и Турција „навлегоа во нова фаза“. Експертите сметаат дека алијансата која се создава меѓу двете држави е сигнал кој може да биде адресиран како кон американската, така и кон руската страна.

– За време на средбата со турскиот претседател отворивме нов прозорец за можности во сферата на билатералните односи, изјави пред новинарите Рохани, коментирајќи ја одржаната среба со Ердоган во Техеран. – Отворивме нова област во сферата на соработката по воени прашања, како и по прашањата кои се однесуваат на безбедноста, додаде тој.

Минатиот месец, началникот на Генералштабот на иранската армија Мохамад Багери беше во посета на Турција, каде се сртена не само со неговиот турски колега, туку и со самиот претседател. Неговата посета предизвика голем одзив, со што се родија и претпоставките за тесна воена координација меѓу Анкара и Техеран. Врпочем, во процесот на нивно зближување има и други интересни епизоди.

Многу илустративен е начинот на кој турската страна ги негира обвиненијата кое американското Министерство за правда ги упати кон поранешниот министер за економија Зафер Чаглајан. Американското министерство го обвинува поранешниот член на Владата дека го искористил финансискиот систем на САД за да изврши парични трансфери во полза на Иран. За истото дело се обвиненети и поранешниот директор на државната банка Халкбанк, Сулејман Аслан, како и уште двајца осомничени соучесници.

Во документ кој го објави Министерството за правда на САД, стои дека обвинетите учествувале во заговор за искористување на финансискиот систем на САД за извршување на трансакции со милиони долари во корист на иранските власти и други ирански структури, што е забрането заради санкциите на САД. Чаглајан и неговите осомничени соучесници се обвинети за доведување во заблуда на американски официјални претставници, за перење на пари, како и за прикривање на вистината од финансиските институции во САД.

Потоа во Истанбул се огласи и Ердоган и рече дека активностите на американското Минстерство за правда се политички мотивиран чекор и Анкара никогаш нема да воведе санкции кон Техеран.

– Ги оценувам како напад обвиненијата на САД против Турција на адреса на нашиот поранешен министер, заклучи турскиот претседател. – Обвиненијата против него се поврзани со Иран. Но за нас Иран никогаш не бил земја кон која спроведуваме санкции. Ние имаме тесни трговски врски, купуваме од таму енергетски ресусри. Тој чекор е сосема политички. Тие треба да го преразгледаат тоа, рече Ердоган.

Турскиот министер за економија Нихат Зејбекчи од своја страна изјави дека САД треба да ја докажат вината на Чаглајан.

– Г-дин Зафер Чаглајан не извршил нешто кое би било против интересите на Турција, а за нас тоа е најважно, рече Зејбекчи.

Експертите гледаат два аспекти во „затоплувањето“ на односите меѓу Анкара и Техеран. – Првиот е реално приближување по серија прашања заради заканите или предизвиците, во кои Анкара и Техеран навистина може да имаат заеднички интереси, изјави за „Независимаја газета“ началникот на Центарот за исламски истражувања при Институтот за иновациски развој, Кирил Семенов.

– Вториот аспект е демонстрација на приближувањето, со цел да им се покаже на конкурентите или партнерите подготвеност за потесно приближување во случај кога конкурентите нема да ги признаваат интересите на Иран и Турција, вели тој.

Според него, во првиот случај можна е реална соработка по курдското прашање. – Во вториот – тоа може да биде сигнал како за САД, така и за Русија, кои во последно време склучија серија договори со сириската опозиција за зоните за деескалација во Сирија без учество на Турција и Иран, прецизира аналитичарот.

Освен тоа, соодветни потези за приближување на позициите можат да бидат искористени и по „катарската линија“ каде Анкара и Техеран со различен степен на ангажираност ја поддржаа Доха во нејзиниот конфликт со Ријад и Абу Даби. Тука не мора да се зборува за шиитско-сунитски антагонизам, затоа што како што се исцртуваат нови линии на поделба, каде секоја од страните може да има и шиити и сунити.

На истиот начин, Саудиска Арабија го прифаќа шиитскиот религиозен водач Муктада Садр, кој во сирискиот конфликт на крајот зазема позиција која е противречна на Техеран. Во Ријад изразија подготвеност да и дадат финансиска помош на шиитската влада во Ирак. На ист начин, и Иран фактички го поддржа „салафитскиот“ Катар против исто „салафитската“ Саудиска Арабија.

Несомнено, и Турција и Техеран се обидуваат да заземат водечки позиции на Блискиот исток. – Но сето она што се случува во регионот ги тера Анкара и Техеран да ги ревидираат своите односи и да се приближат по определени прашања, особено оние како темата за создавање на курдска држава и поддршката на Курдите од страна на американските власти, изјави за Независимаја газета турскиот политиколог Тогрул Исмаил, доцент на Универзитетот за економија и технологии во Анкара.

– Првпат по многу години началник на Генералштабот на Иран ја посети Турција, каде исто беа постигнати одредени договори, додава тој.

Значително влијание за формирање на сојузот меѓу Анкара и Техеран, според експертот, е одбивањето на американска политика. – Тоа не е толку сигнал за САД, колку што е противење на политиката на САД.  Улогата на Русија тука не е занемарена. Приближувањето на Турција и Русија исто им даде можност на Турција и Иран да најдат заеднички јазик, потенцира Исмаил.

Меѓу експертите има и мислења дека промените во односите меѓу Иран и Турција имаат само привремен карактер. – Мислам дека е ова моментен сојуз, поврзан главно со курдскиот проблем, изјави за „Независимаја газета“ високиот научен соработник од рускиот Институт за источни науки Владимир Сажин.

– Од природни причини ниту Турција, ниту Иран не сакаат засилување на курдскиот сепаратизам во Сирија или Ирак. Тоа е главното кое ги обединува. Од друга страна, Турција и Иран се девет најголеми неарапски држави во регионот. Во однос на тоа, тие имаат идеолошко единство, ако може да се каже така. Нивните односи отсекогаш биле комплицирани, иако трговските врски секогаш биле на доволно виско ниво. И покрај тоа, сметам дека тие не можат да имаат никаков серозен сојуз во политичката сфера, додава тој.

Аналитичарот потенцира дека главниот сигнал на адреса на САД, тука доаѓа од Иран. – Тие покажуваат: видете земавме држава на НАТО под своја заштита. Од друга страна, ми се чини дека Турција ги предизвикува САД. Сепак таа е држава на НАТО и во исто време склучува сојуз со главниот противник на САД, потенцира Сажин.