Градоначалникот на Копенхаген ќе ги забрани дизел автомобилите од 2019

од desk2
63 прегледи

Градоначалникот на Копенхаген, главниот град на Данска, Френк Јенсен, сака да ги забрани автомобилите на дизел гориво од 1 јануари 2019 година.

Како заложба за подобрување на квалитетот на воздухот во градот, Јенсен сака да ги тргне дизел моторите од улиците на Копенхаген, пишува Politiken.

„Не е човеково право да се загадува воздухот за другите. Затоа дизел автомобилите мора да се отстранат“, вели Јенсен за весникот.

Тој признава дека предлогот е „контроверзен“, но вели дека е неопходен.

„Знам дека за многумина е премногу, но луѓето во Копенхаген се погодени од респираторни заболувања“, вели Јенсен.

Истражувањата покажуваат дека околу 80 отсто од луѓето, повеќето постари и ранливи, умираат секојдневно поради загадениот воздух, од издувните гасови на возилата.

Потенцијалната забрана ќе се однесува на сите автомобили кои ќе се регистрираат по 1 јануари 2019 година.

Сопствениците кои веќе имаат дизел автомобили ќе можат да продолжат да ги возат низ градот.

Овој предлог на Јенсен повлекува и законски измени. Ако не се усвои овој предлог, тој ќе воведе повисоки цени за паркинг на дизел возилата од 300 евра.

Неговиот предлог опфаќа и намалување на домовите кои се загреваат на дрва, забрзана промена на дизел возилата во јавниот сообраќај со електрични автобуси, и барање до сите крузери кои влегуваат на пристаништето додека стојат тука да работат на струја.

Дизел камионите ќе бидат опфатени исто така со тоа што ќе мора да го воведат ЕУ стандардот за загадување.