На Клиниката за гинекологија лежеле по две бебиња во еден инкубатор

од desk2
89 прегледи

На Клиниката за гинекологија лежеле по две бебиња во еден инкубатор, е една од низата недоследности што ги констатирал Државниот санитарен и здравствен инспекторат при контролата во скопската клиника.

– Во моментот на увидот имаше по две новороденчиња во еден инкубатор. Има капацитет за 25 бебиња, а кога ние бевме во контрола беа сместени 49 – вели директорката на инспекторатот Ирина Бухова.

Директорката на Клиниката за гинекологија, Викторија Јовановска, пак, рече дека како едно од решенијата за ова ќе бидат и 20-те нови инкубатори кои ќе бидат набавени, а веќе ги најави и премиерот Зоран Заев.

15 од нив ќе бидат сместени во Клиниката, а останатите пет ќе се распоредат во болниците и клиниките во внатрешноста. Според Јовановска, гужвата ќе се растоварува и на тој начин што кога ќе бебето ќе биде вон ризик ќе биде префрлено во матичните клиники.

Инаку, според она што беше презентирано, најголеми проблеми има во одделението за интензивна и постинтензивна нега. Покрај недостатокот од инкубатори, инспекторите утврдиле и дека нема доволно персонал, како и низа недоследности во однос на условите.