МВР ќе издава лични карти и в сабота и недела

од desk2
69 прегледи

Сите одделенија за управни работи на МВР ќе работат на 14 и 15 октомври, со што граѓаните и овие денови ќе можат да извадат лични карти.

Сите барања за издавање лична карта (оштетена, изгубена или украдена) по законски спроведената постапка, ќе се одобруваат итно во сите регионални Одделенија за управни работи при Министерството за внатрешни работи и тоа само доколку подносителот не поседува биометриска патна исправа.

Барањата за лични карти ќе се примаат и одобруваат итно заклучно со сабота до 16:30 часот. Веднаш по примањето на апликациите за лични карти, Одделот за информатика ќе ги изработува и ќе ги доставува до надлежниот сектор за навремена дистрибуција до Одделенијата за управни работи. На денот на изборите Одделенијата за управни работи ќе работат само за издавање на лични карти во периодот од 7:00 до 19:00 часот.