Уапсен Британец кај касарната „Илинден“ под сомнеж дека шпионирал

од desk2
70 прегледи

Триесетгодишен Британец вчера бил уапсен откако бил забележан како неовластено се движи во кругот на касарната „Илинден“ во Скопје.

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во полициската станица Карпош пристигнало известување од касарната „Илинден“ дека е забележан странски државјанин, како неовластено се движи во кругот на објектот. Тој бил приведен од воената полиција и било утврдено дека станува збор за К.Р.Џ. (30) од Њукасл, Велика Британија.

Поради сомневање за сторено кривично дело неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства, полициски службеници го лишиле од слобода британскиот државјанин, велат од МВР.