
Пожар избувна вечерва околу 18 часот во старата зграда на општината Куманово.
Според неофицијални информации, пожарот избувнал во кујната на еден од рестораните што се наоѓа на приземјето на објектот, по што се запалил оџакот и го зафатил кровот на зградата.
На терен се екипи на противпожарната единица, кои го гаснат пожарот, како и екипи на Брза помош./Извор kumanovonews