Еруптира вулканот Шинмоедаке во Јапонија, наредена евакуација на населението

од desk2
147 прегледи

Вулканот Шинмоедаке во јужниот дел на Јапонија еруптираше прв пат во последните шест години, исфрлајќи облаци пепел во висина од неколку стотина метри, јавуваат светските агенции.

Јапонските власти веднаш издале предупредување и го повикале населението во близина на вулканот на евакуација.

Вулканската пепел достигнала висина од 300 метри кога започнала ерупцијата, која најверојатно ќе продолжи и ќе стане поинтензивна, навеле од јапонската метеоролошка агенција.

Пепелта била распослана во круг од над два километри околу кратерот на вулканот. Нивото на предупредување е подигнато на трет степен, што значи забрана за приближување до вулканот.

Јапонија лежи на познатиот пацифички огнен појас и има неколку активни вулакни кои неретко предизвикуваат и земјотреси. Во септември 2014 година вулканот Онтаке по 90 години ненадејно еруптиташе, при што загинаа 63 лица.