Села ја обвини ДУИ за раздор на албанските гласови во Струга

од desk4
104 прегледи

“Не излеговме на политичката сцена за да правиме политички мегдан меѓу Албанците, како што ДУИ прави овде во Струга. ДУИ се обидува да ни објави политичка борба и политички мегдан, трчајќи во секој момент, ден и ноќ, сакајќи да купи гласови во македонските места. Али Ахмети, веќе нема зборови и сака политичка пресметка овде во Струга. Еве го одговорот, Али Ахмети. Јас ти реков дека мегдан не може да ми бараш во Струга. Мегдан им побара на Албанците, и еве ти ги Албанците. ” – изјави Зиадин Села – кандидат на Алијанса за Албанците за Струга