Белгиецот Ван Карим Овермеир ќе ја предводи делегацијата на конгресот на локалните и регионалните власти на советот на Европа која од денеска до 16-ти овој месец ќе престојува во Македонија во набљудувачка мисија на локалните избори, а ќе работи заедно со ОБСЕ/ОДИХР.

Делегацијата од Стразбур на денот на изборите ќе распореди шест тимови за да ги набљудуваат процедурите за гласање и броењето на гласовите низ целата земја.
Заклучоци за текот на изборите членовите на делегацијата ќе презентираат на прес-конференција на 16 октомври, а по оваа мисија на евалуација на изборниот процес ќе се изготви детален извештај кој ќе биде на разгледување на 34. пленарна седница на конгресот на локалните и регионалните власти на советот на Европа.