Бочварски најави намалување на цената на водата и на сметот за 10 проценти

од desk4
86 прегледи

Намалување на цената на водата за 10 проценти најави денеска кандидатот за градоначалник на СДСМ за општина Штип, Благој Бочварски.

Тој на прес-конференција рече дека новата локална власт предвидува мерки со кои ќе ги врати парите кон граѓаните, а една од нив е и мерката за намалување на цената на водата.

– Ќе имаме и намалување на сметките за смет за уште 10 проценти, ќе воведеме јавен градски превоз во нашиот град пред се за поодалечните населби како што се Три Чешми, Чардаклија, Караорман, Лакавица и останатите села со цел да го олесниме животот на граѓаните. За пензионерите ќе воведеме бесплатно еднаш неделно да одат на бања во Кежовица, истакна Бочварски.

Тој додаде дека ова се само дел од мерките коишто ќе ги преземе доколку стане градоначалник.