Илиоски: Бесплатен здрав оброк за децата од прво до петто оделение во основните училишта

од desk4
105 прегледи

Кандидатот за градоначалник на општина Битола од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“, Зоран Илиоски најави проект за учениците од прво до петто одделение кои ќе добиваат бесплатен здрав оброк.

– Бесплатниот здрав оброк ќе биде подготвен во соработка со луѓе стручњаци, нутриционисти и тој ќе биде адекватно прилагоден на нивната возраст. На тој начин ќе се направи заштеда за родителите во висина од околу 600 денари месечно и вториот ефект од овој проект ќе биде можноста децата да добиваат здрава храна и да можат да се научат на здрави навики на исхрана. Со овој проект ќе се избегне онаа така наречена брза храна која ја конзумираат нашите деца, посочи Илиоски.

Тој истакна дека доколку можностите дозволуваат, тогаш во наредниот период ќе се прошири и на повисоките одделенија во основните училишта.