ДПА организираше промоција на кандидатот за градоначалник на општина Теарце. Рухан Илјази пред присутните побара поддршка со цел да создаде подобар живот во општината, ветувајќи им на таможните жители дека ќе им обезбеди вода за пиење, подобрување на секундарната водоводна мрежа која е застарена, како и подобрување на патната инфраструктура.
“Пред се ќе се заложам да има доволно вода за пиење за сите села. Ќе ја санираме секундарната водоводна мрежа која не е заменета повеќе од 60 години. Ќе ја подобриме патната инфраструктура со тоа што ќе изградиме улици таму каде што нема и ќе ги санираме таму каде што се оштетени. Ќе изградиме тротоари за да ги заштитиме граѓаните од несреќи кои се случуваат, сигнализација на главниот пат и јавно осветлување во сите населени места, бидејќи граѓаните плаќаат за тоа. Максимално ќе вложиме напори да се обезбедат средства за изградба на канализација за сите села.“ – изјави Рухан Илјази, кандидат на ДПА за Теарце