Кандидатот за градоначалник на Крива Паланка од СДСМ, Борјанчо Мицевски, ја побара поддршката од сограѓаните, за како што рече, промени за поквалитетен живот, но пред се промени за младите да не се иселуваат.

– Во недела гласаме за гасификација, нов градски плоштад, нов затворен градски пазар, дислокација на депонијата од с. Конопница, нови улици, поврзување на Крива Паланка со Македонска Каменица и Трговиште, Србија, решавање на проблемот со паркинг просторот и многу други проекти во интерес на сите граѓани, додаде Мицевски. Порача дека масовната излезност во недела ќе донесе промена и подобар живот за сите граѓани.
– Гласот во недела е исклучително важен бидејки на Крива Паланка и се потребни промени. Промени кои ќе донесат едно подобро утре за сите граѓани, промени на просперитет и благосостојба. Промени за поквалитетен живот, но пред се промени за да си ја осигураме иднината и да ги задржиме и вратиме младите тука со нас, промени да обезбедиме вработување и пристојни плати за сите, рече Мицевски.