(ВИДЕО) Јаневски: Во недела слободно, гордо и достоинствено да го искористиме правото на глас

од desk4
115 прегледи

Кандидатот за градоначалник на Струмица од коалицијата предводена од СДСМ, Коста Јаневски се заблагодари на сите што го следеле во кампањата и на граѓаните што му овозможиле истата да ја доближи и сподели со граѓаните и да ја збогати со нивните мислења и сугестии.

– Ви благодарам на сета оваа позитивна атмосфера на градење мостови и разбирање како што доликува на едно граѓанско општество. Ве повикувамe на 15 октомври во недела да излезете, слободно, гордо и достоинствено да го искористите своето право на глас и да ја дадете поддршката за бројот 19. Поддршка за мене како кандидат за градоначалник и советничката листа на СДСМ и коалицијата. Поддршка за живот во Струмица за сите, рече Јаневски.