Јапонскиот премиер Шинзо Абе неодамна ја посети Индија, а најефектниот момент од посетата беше стартот на изградбата на брза железница.
Делхи и Токио договорија засилување на соработката во одбраната и во сферата на мирновремнеската атомска енергија. Тие предвидуваат и со заеднички напори да отворат економски коридор преку Индискиот Океан до Африка. Проектот има за цел да стане алтернатива на кинескиот „Пат на свилата“ и да ја попречи доминацијата на Пекинг во Азија и Африка.
Според својата интензивност, контактите на највисоко ниво во индиско-јапонските врски се сосема спротивни на руско-индиските. Њу Делхи и Токио ги нарекуваат стратешко партнерство. Државните раководства од двете земји редовно си разменуваат посети. За Абе ова е доказ дека Јапонија не само што го потврдува заземениот курс кон учество во индустријализацијата на Индија.
За време на посетата беа потпишани серија договори, вклучително и за соработка на море, во атомската енергетика и во одбраната, како и проект за изградба на коридор кој ќе придонесе за економски раст во азиско-пацифичкиот регион и во Африка. Токио и Њу Делхи предвидуваат да се изгради висококвалитетна инфаструктура во азиски и африкански држави.
Но, според Њу Делхи, за успехот на овој обид ќе продонесе и се посилното приближување меѓу позициите на Јапонија и Индија по меѓународни проблеми.
Што значи оваа формулација? Дипломатскиот јазик е за да се сокријат вистинските мисли. Влијателниот весник „Стреитс Тајмс“ од Сингапур ги толкува овие најави од Индија на следниот начин.
– Заради растечката агресивност на Кина во регионот и надвор од него, во врска со територијалните и морските спорови, Индија и Јапонија имаат за цел да испратат јасна порака до Пекинг дека планираат заедно да се поддржат и пазат, смета весникот.
Што се однесува до јапонско-индискиот коридор, тој претставува обид да биде создадена противтежа на кинеско-пакистанскиот коридор, кој се очекува да ја поврзе Западна Кина со Арапското Море и минува преку територијата на Пакистан.
Но, сега се отвара и едно ново прашање. За развој на својата инфраструктура, Индија добива финансиска и техничка помош од Јапонија. Како тогаш таа сиромашна земја може да учествува во проект кој ги опфаќа Африка и Азија? Делумен одговор даваат доказите како ќе бидат распоредени средствата. На прво место се предвидува да бидат доделени 40 милијарди долари. Триесет милиајрди од нив е предвидено да ги даде Јапонија, во тек на три години, а десет милијарди да дојдат за пет години од Индија.
Сатин Чатурведи, генерален директор на тинк-тенк организација од Њу Делхи, кој ги истражува информациските системи на земјите во развој, гледа големи разлики меѓу кинескиот концепт „Еден појас – еден пат“ и јапонско-индискиот проект.
„Појасот“ се гради врз основа на централно разработен план. Втората иницијатива има за цел да ги поврзе различните појаси на раст меѓу нив, а не да создава претходно утврдени мега проекти. Ќе се акцентира и на финансиската одговорност, за да не се дозволат лошите кредити.
Како пример тука може да се посочи Шри Ланка – земјата пропадна во должничка бездна повлекувајќи од Кина нови и нови кредите за инфраструктурата.
Друг важен момент е што Индија и Јапонија ќе ги усогласат своите активности во Африка со помош на САД. Тука се исцртуваат контурите на неофицијалната тристрана алијанса која се создава. Индија, Јапонија и САД редовно организираат заеднички поморски вежби. Индија купува се повеќе американско оружје. И адмиралите во САД се поотворено испраќаат повици индиските, американските и јапонските воени морнарици заедно да патролираат во Јужното Кинеско Море.
Дали тоа не значи дека Њу Делхи постепено ја отфрла политиката на неврзаност и се приближува со геополитичките опоненти на Кина? Винај Шукла, уредник-консултант на списанието „Индија Стратиџик“, за „Независимаја газета“ оценува дека „не станува збор за отлажување од невзраноста, туку Индија си бара достојна улога во новиот светски поредок“.
– За време на Студената војна, Индија развиваше тесна соработка со Советскиот Сојуз. Но, сега ситуацијата е поинаква. Се појавуваат нови предизвици и можности. На пример, заострувањето на територијалниот спор со Кина. Или ширењето на кинеско-пакистансктоо заедничко дејствување. Од друга страна, Индија сфаќа дека соработката со Кина нема алтернатива. Затоа Индија води избалансирана политика, објасни експертот.
Истото важи и за САД. Има проблеми во кои интерсите на Индија и на САД се совпаѓаат, затоа што во Индискиот Океан се појавуваат кинески бродови и подморници. А пакистанското пристаниште Гвадар може да стане кинеска воена база. Индија треба да биде подготвена да реагира на таа закана. Ете зошто бара одговор во заедничките воени вежби „Малабар“ со учество на индиски, јапонски и американски воено бродови.
– Освен тоа, Индија стравува дека Кина изградила воени објекти на острови во Јужното Кинеско Море. А Индија има излез на Пацификот само преку Јужното Кинеско Море. Како впрочем и Јапонија. Интересите им се совпаѓаат. Затоа тука има соработка со Јапонија. Всушност, новата политика на Индија не дозволува членство во тврди блокови и алијанси, заклучува политикологот.
Независимаја газета – Москва