Носител на советничка листа нападнал член на избирачки одбор во Стајковци, поддржувачи пред полициската станица

од desk4
95 прегледи

Инцидент во скопско Стајковци кој според очевидците за малку не ескалирал во физичка пресметка помеѓу членови на избирачки одбор и носител на листа на советници, пренесе ТВ24.

Сведоците не сакаа да зборуваат пред камера за тоа што се случило, но велат дека откако завршило гласањето на болни и изнемоштени лица, пред избирачкото место еден носител на листа со закани и пцости нападнал член на избирачкиот одбор. Инцидентот бил пријавен и во полицијата, а екипи дошле и на местото на настанот.

Носителот на советничка листа кој учествуваше во инцидентот во Стајковци со член на избирачкиот одбор повикан на информативен разговор во полициска станица.

Додека трае распитот пред полициската станица се собрани група на негови поддржувачи.

Тие не сакаа да зборуваат пред камера за она што се случило во Стајковци, ниту пак до кога планираат да останат пред полициската станица.

Ја предупредија екипата на на Тв 24 да не се обиде да ги снима.