
Единиците на сириската владина армија завршија со операцијата за уништување на терористите од ИД во градот Маиадин, информира РИА Новости, која го цитира официјалниот претставник на Министерството за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков.
“Единиците на сириската армија под команда на генерал Хасан Сухејл, го скршија жестокиот отпор на терористите во централните и јужните квартови и целосно го ослободија градот” – рекол Конашенков.
Маиадин беше едно од најголемите градови под контрола на ИД во долината на реката Еуфрат и најмоќен укрепен простор на терористите во источна Сирија.
“Во последната недела најмногу сили на ИД, резерви во Ирак беа привлечени кон него.
Затоа поразот на ИД во Маидан ги создаде потребните услови да се мине од тактички успех на сириските војници во оперативен “- истакнал генералот. Според Конашенков, војниците на генерал Сухеј сега напредуваат со поддршка на руски ВКС.