Жител на село Мусинци пријавил дека му бил даден поткуп за да гласа за кандидат за градоначалник

од desk4
120 прегледи

Лицето Г.А. (24) од село Мусинци, битолско, пријавил дека во неговиот дом лицето Б.Р. од село Могила му дал 1000 денари со намера да го убеди да гласа за кандидат за градоначалник.

Од страна на полицијата биле повикани лицата, а по извршениот разговор со Г.А. со потврда била одземена и една банкнота од 1000 денари. За настанот бил информиран јавен обвинител.