Амбасада на САД: Ги охрабруваме сите граѓани да го искористат своето право на глас

од desk4
57 прегледи

Амбасадата на САД во Скопје испрати соопштение во кое се вели дека претстојните локални избори на 15 октомври се важни за иднината на Македонија како просперитетна и стабилна демократија, целосно интегрирана во евро-атлантските институции.

Од амбасадата на САД истакнуваат дека надлежните од централната и локалната власт треба целосно да ги истражат сите наводи за злоупотреба и да преземат соодветни мерки, додека партиите, владините институции, новинарите и граѓаните, преку своите акции, ќе одредат дали процесот бил кредибилен.