Бројот на загинати во големата експлозија на камион бомба во престолнината на Сомалија, Могадишу порасна на 231, јави AP.

Повредени се околу 275 луѓе, што претставува најсмртоносен напад во оваа држава до сега, додава AP. Граѓаните се собраа на самото место каде во саботата експлодира камион бомба.
Докторите се обидуваат да им помогнат на стотиците ранети од кои некои изгореа до граница на непрепознатливост.
Според зборовите на полицискиот капетан Мохамед Хусеин, голем број луѓе им погледнале на повредите во болница.
Претседателот на Сомалија Мохамед Абдула се придружи на илјадниците луѓе кои со болниците даваа крв за да им помогнат на повредените.
Иако никој не презеде одговорност за нападот до сега, владата на Сомалија ја обвинува познатата екстремистичка група Ал Шабаб која редовно спроведува напади ширум земјата.
До експлозијата дојде во прометниот дел на Могадишу, во кој се наоѓаат бројни владини згради, хотели и ресторани.
„Тоа беше камион бомба. Експлодира на крстосницата К5“, вели Хусеин.
Во експлозијата уништени се повеќе објекти и десетици автомобили.