Аријан Ибраим прогласи победа во Центар Жупа

од desk4
163 прегледи

Аријан Ибраим кандидат за градоначалник од Демократската партија на Турција, поддржан од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа во општина Центар Жупа.

Како што потврдуваат од Изборниот штаб, каде што веќе се слави, старо нов градоначалник е Аријан Ибраим, магистер по економски науки.

Партски извори потврдуваат дека Ибраим добил околу илјада гласови повеќе од неговиот противкандидат, адвокатот Неваип Исмаил, од ТХП, подржан од коалицијата на СДСМ.

Неофицијално од вкупно запишаните 6.810 гласачи, правото го искористиле над 40 отсто.