Неофицијално, победа на Анго Ангов од СДСМ во Дојран

од desk4
177 прегледи

Според неофицијални, конечни резултати, кандидатот за градоначалник на општина Дојран, Анго Ангов од СДСМ со 1253 гласа води пред кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Борче Стамов кој има 681.

Независниот кандидат Тони Ајцев има 79 гласа, Снежана Манева исто така независен кандидат 51 глас.

Во Советот, владејачката партија доби 5 членови, додека пак опозициската ВМРО-ДПМНЕ, 4 члена.

Излезноста во оваа општина е 80 отсто.