СДСМ доби градоначалници во Аеродром, Берово, Гевгелија, Валандово, Вевчани, Делчево

од desk2
73 прегледи

Владејачката СДСМ прогласи победа во прв изборен круг во Аеродром, Берово, Битола, Богданци, Босилово, Бутел, Валандово, Вевчани, Велес, Гевгелија, Дебарца, Делчево…

Овие податоци на прес-конференција ги соопшти пратеничката од СДСМ, Ивана Туфегчиќ.

Коалицијата „Живот во Македонија“ предводена од СДСМ вечерва прогласи победа во најмалку 38 општини од досега обработените податоци.

Пратеничката од СДСМ Ивана Туфегчиќ на прес-конференција информираше дека во првиот круг на локалните избори извесна победата на СДСМ и Коалицијата во скопските општини Аеродром, Карпош, Ѓорче Петров и Центар, како и во Берово, Битола, Богданци, Босилово, Бутел, Валандово, Вевчани, Василево, Велес, Гевегелија, Градско, Дебарца, Делчево, Дојран, Карбинци, Кочани, Крива Паланка, Кривогаштани, Крушево, Куманово, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Неготино, Ново Село, Охрид, Прилеп, Радовиш, Ресен, Свети Николе, Старо Нагоричане и Струмица СДСМ и Коалицијата имаат предност во Демир Хисар и Кисела Вода, а неизвесно е во Штип, рече Туфегчиќ.