
Миграцијата, заштитата на животната средина, иднината на ЕУ и односите со Русија се главните прашања околу кои се можни несогласувања во преговорите околу формирањето на новата влада на Германија, што официјално започнаа денеска меѓу конзервативниот блок на Христијанско демократската унија (ЦДУ) и Христијанско социјалната унија (ЦСУ) на Ангела Меркел и либералната Слободна демократска партија (ФДП) и алијансата Зелени.
1. Миграција
Конзервативниот блок предлага поголем број ограничувања во политиката кон мигрантите, откако по долги преговори ЦДУ и ЦСУ на крајот се договорија за ограничување на бројот на дозволи за азил до 200.000 годишно.
Конзервативците, исто така, сакаат да ја ограничат можноста мигрантите што ќе добијат азил да имаат право да ги „повлечат“ во Германија и членовите на нивните семејства.
Но. либералите и зелените имаат поинакви ставови по овие прашања.
Така, зелентите бараат да им се овозможи на мигрантите кои ќе добијат азил да можат во земјата да ги донесат и членовите на нивните семејства, со што според нив ќе се олесни процесот на нивна интеграција во општетсвото.
Либералите, пак, инсистираат на ограничувањето на правото на азил дури и за мигранти од земји во кои се водат војни.
Несогласувања има и околу правото на азил за мигрантите од Алжир, Мароко и Тунис. Блокот ЦДУ/ЦСУ смета дека овие три држави се „сигурни земји“ и нивните државјани не треба да имаат право на азил, додека зелените се против ваквиот став.
2. Животна средина
Политиките за заштитата на животната средина и за енергетиката е друга тема околку која постојат различни ставови меѓу потенцијалните партнери.
Додека зелените инсистираат на стрикно почитување на мерките за ограничување на климатските промени и затворање на 20-те најголеми централи на јаглен во најскоро можно време и целосно исклучување на термоелектраните до 2030 година, конзервативците и либералите сметаат дека е невозможно целосно искоренување на употребата на цврстите горива во електоренерегетскиот сектор, без да се предизвикаат негативни последици во него.
Второт спорно прашање во овој сектор е и употребата на дизел горивата, особено по скандалот со манипулациите со резултатите од издувните гасови на дизел возилата. Најгласна околку ова прашање е ФДП, која бара да не се спорведува „лов на вештерки“ против дизел горивата.
Од друга страна Меркел засега се воздружува од преземање радиклани мерки против автомобилската индустрија, која е еден од стожерите на германската економија.
3. Иднината на ЕУ
Сити три потенцијални коалициски партнери се согласни дека се потребни реформи во ЕУ, но имаат различни ставови околу нив и степенот на интеграција во блокот.
Зелените ги поддржуваат предлозите на Париз за посилна интеграција во Еврозната, вклучително и за усвојување на заеднички буџет на зоната на еврото, на што категорично се противат либералите и сестринската партија на ЦДУ, баварската ЦСУ.
4. Односите со Русија
Во врска со односите со Москва, ФДП и ЦСУ се залагаат за укинување на економските санкции кон Русија, воведени по руската анексија на Крим, поради што беа обвинувани дека се проруски ориентирани.
Лидерот на либералите Кристијан Линднер во текот на преизборната кампања дури изјави дека анексијата на Крим треба да се третира како „трајна времена состојба“.
Од друга страна, ЦДУ и Зелените се противат на какво и да било олеснување на санкциите кон Русија.