
БЕСА и Алијанса за Албанците взаемно ќе се поддржат во 12 општини. Ги повикаа членството и симпатизерите, да гласаат за нивните кандидати за градоначалници како да се заеднички, со што и официјално го потврдија вчерашниот договор меѓу лидерите, за коалиција во вториот круг на локалните избори. Се надеваат дека на тој начин ќе ги максимизираат резултатите, информира Телма.
Намерата на Села и Касами е да го исфрлат Ахмети сосема од игра.
Од ДУИ велат дека тоа не е возможно. Сигурни се дека оваа коалиција нема да наиде на добар одзив кај гласачите.
За Османи, шанси за успех има само нивната коалиција со СДСМ, затоа што програмите им се надополнуваат, особено тие на Петре Шилегов и на нивниот кандидат за Чаир, Висар Ганиу. Очекуваат поддршката од активистите на СДСМ да ја добијат и во вториот круг. Аналитичарот Алајдин Демири, пак, вели дека ова и не се вистински коалиции, туку класичен пазар.
Демири смета и дека, БЕСА и Алијансата се обидуваат да ја спречат реинкарнацијата на ДУИ. Добро, вели е што ова е можеби и почеток на отрезнување кај партиите, затоа што кај Албанците нема електорат за четири партии и ниту една не може да се позиционира солидно.