Пет лица загинаа, а шест се повредени во среда вечер во вториот најголем град во Украина, Харков, откако автомобил излетал на тротоарот со голема брзина.

Според извештајот од полицијата, возилото Лексус СУВ се судрило со друг автомобил, по што излетал на тротоарот. Како што соопшти Антон Херашенко, од министертвото за внатрешни работи на Украина, Лексусот со голема брзина се судрил со Фолксваген откако поминал на црвено.

Лексусот го возела жена која била уапсена веднаш по настанот. Казната за ваква несреќа е до 10 години затвор.
Украинските власти ја исклучија можноста ова да е терористички акт.
Харков е на 300 километри од северозападот на Украинската источна воена зона каде загинаа повеќе од 10.000 луѓе во борбите меѓу владините војници и бунтовниците поддржани од Русија.

Вознемирувачка содржина во видеото:
https://www.youtube.com/watch?v=bd9e8-SbVi8