(ВИДЕО) Најмасовна вежба во Калифорнија: Во случај на земјотрес – над 10 милиони луѓе се криеја под клупите и трчаа по улиците

од desk4
83 прегледи

Милиони жители на Калифорнија се криеjа под бироата или бегаа на улица во големата вежба за тоа како треба да се реагира во случај на земјотрес. Во точно определен час возрасните на работните места и децата во училишта и во градинките ги применија постапките кои треба да се следат во случај на моќен земјотрес. Се верува дека повеќе од 10 милиони луѓе се приклучија во најавената вежба во Калифорнија, која како наставна програма беше најмасoвна во историјата.