(ВИДЕО) Стотици терористи на ИД и на „Ал Каеда“ се убиваат меѓусебно во центарот на Сирија – на двете страни има 150 убиени

од desk4
78 прегледи

Во Централна Сирија продолжуваат жестоките борби меѓу терористи од сириската Џебхат ан-Нусра со припадниците на ИД, кои се наоѓаат во опкружување крај Акербат, соопшти rusvesna.su.

Борбата почна на почетокот на оваа недела кога борците на Нусра ги нападнаав исламистите на ИД во источниот дел на провинцијата Хама, и притисокот се засилува секој ден. Екстремистите од Хајат Тахрир Еш-шам (Џебхат ан-Нусра, сириската Ал Каеда) ги нападнале позициите на своите конкуренти од ИД во десетина населени места и постепено ја враќаат контролата над нив.

Нусрите во борбите вклучиле тенкови, самоодни артилериски орудија БМП и специјалните сили наречени – ингимасите за да ги уништат харидџитите на Ал-Багдади, како со презир ги нарекуваат.

Терористите од ИД не можат да го прикријат притисокот и да им се спротивстават на силите на Ал Каеда, губејќи ја контролата над населбите една по друга. За време на судирите не се помалку од 150 бандити.