Алијанса за Албанците обвинува за поткуп на гласачи во Струга

од desk4
85 прегледи

Кривична пријава против лицето Арменд Кадриу од Струга, ректор на Меѓународниот универзитет во Струга бидејки постојат индиции дека сторил кривично дело повреда на изборниот процес, бидејки спротивно на Изборниот законик, во изборниот процес за избор на градоначалник и советници на општина Струга на локалните избори на 15 октомври, лично купувал гласови во полза за кандидатот за градоначалник и кандидати за советници од политичката партија ДУИ. Како доказ приложуваме це – де со тонски записи. Бараме од Основното јавно обвинителство да го истражи случајот“, изјави Гариб Каба, претседател на изборен штаб на Алијанса на Албанците.