Спасовски со критика за коалицијата меѓу БЕСА и Алијанса за Албанците

од desk4
313 прегледи

 

Спасовски со критика за коалицијата меѓу БЕСА и Алијанса за Албанците20 ОКТОМВРИ
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, ја критикуваше коалицијата меѓу Алијанса за Албанците и Движењето Беса, истакнувајќи дека со ова, партијата на Села се стави на страната на ВМРО ДПМНЕ како и партијата на Касами. Спасовски рече дека неговиот став е врз основа на информациите на терен.

Но, прашан за коалицијата на неговата партија со ДУИ, која беше во коалиција со ВМРО ДПМНЕ, изјави дека коалицијата со партијата на Ахмети е поставена врз јасни принципи. Спасовски во интервју за емисијата 360 степени, исто така, вели дека владејачката коалиција со Алијансата не се менува.

Од друга страна, лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села таквите тврдења ги нарече шпекулации, истакнувајќи дека коалицијата со Движењето Беса се заснова на волјата на граѓаните изразена во првиот изборен круг. Села исто така ги нарече шпекулации на ДУИ информациите за наводно заминување на Алијанса од владата, велејќи дека тоа го направиле за да го заплашат народот.