Изградба на брана на реката Отиња, гасификацијата на Штип, затворениот базен и инфраструктурните проекти кои се децидно наброени во програмата на Благој Бочварски мораме да ги реализираме. Ова денеска го истакна лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој заедно со кандидатот за градоначалник на Штип од СДСМ Благој Бочварски имаа средба со граѓаните во штипските населби Караорман, Сењак, Населје и во неколку села во општина Карбинци.

– Она што дополнително е новина во вториот дел на изборите ние сме заедно посилни со ВМРО Народна партија, заедно со нас е Никола Тасев, членот на Извршниот комитет на ВМРО НП. Коалицијата е потврдена на централно ниво и заедно стоиме во таа коалција. Јас верувам дека дополнителната поддршка од граѓаните, симпатизерите и поддржувачите на Народна партија ќе ја зголемат самата разлика, која што сакаме да ја направиме во вториот изборен круг, рече Заев.
Кандидатот за градоначалник Бочварски истакна дека во населбата Сењак граѓаните ќе добијат енергетски ефикасни фасади, ќе се изгради и градинка, најави задржување на младите во Штип и подобрување на инфраструкрата.