Дури и денес, легендарниот рок бенд Битлс продолжува да заработува 67.000 фунти дневно од компанија која беше затворена пред повеќе од 50 години.
Во 1968 г членовите на “Ливерпулската четворка” (Џон Ленон, сер Пол Макартни, Џорџ Харисон и Ринго Стар), ги создаваат заедно Apple Corps, за да управуваат со своите финансии и успеваат за година да генерираат близу 24,4 милиони фунти годишно.
Денес Apple Corps продолжува да е во сопственост на двајцата живи членови на групата, Пол и Ринго, како и на вдовиците на Џорџ Харисон и Џон Ленон – Оливија и Јоко Оно. И тоа не е лошо за нив. Финансиските извештаи на компанијата откриваат дека само за последната календарска година која било од страните добила “агрегирани такси за рекламни услуги, име и слично” во износ од 2,97 милиони фунти, пишува “Дејли Мирор”.
Нешто повеќе – приходите на компанијата се зголемија од 3,9 милиони фунти во 2016 до 5,7 милиони сега.
Континуираниот финансиски успех на Apple Corps е уште поимпресивен и поради фактот дека компанијата дури и не поседува каталогот со песните на “Битлси”.
Наместо тоа се потпира на други извори на пари, вклучувајќи и на документарниот филм “Битлси: Осум дена во неделата – годините на турнеите”.
Само правата за емитување на компанијата имаат повлечено над 10 милиони фунти. Apple Corps, кој веќе неколку години се бори за своето име со компјутерскиот производител на Apple, исто така има посебен 16,0 милионски кеш.