Потег што може да го промени светот: Америка не го направила ова од студената војна

од desk2
96 прегледи

САД се подготвуваат, поради ситуацијата со Северна Кореја, да ги стави во 24-часовна подготвеност нуклеарните бомбардери, што е прв пат по студената војна.

Флотата американски бомбардери B-52 со нуклеарно оружје може да биде активирана секој ден, поради растечките тензии со Северна Кореја, изјави генералот Дејвид Голдфин, началник на американското воздухопловство, додавајќи дека биле присилени да се приспособат на стварноста на глобалната ситуација во која се нашле.

„СВетот стана опасно место. Постојат некои луѓе кои отворено зборуваат за употреба на нуклеарно оружје“, вели Голдфин. Додава дека сепак не е издадена наредба за 24-часовна подготвеност на нуклеарните бомбардери, но сите подготовки се направени за такво предупредување.

Пјонгјанг го забрза развојот на својата нуклеарна програма и интерконтиненталните ракети, а Ким Јонг Ун и Доналд Трамп веќе некое време разменуваат закани со војна.

„СО воа покажуваме дека сме подготвени. Ова повеќе не е биполарен свет во кој сме ние и Русија. Имаме и други играчи кои имаат нуклеарни способности“, вели тој.

Американскиот претседател Доналд Трамп рече во неделата: „Ќе видиме што ќе се случи. Ние сме потполно подготвени… не би верувале колку сме подготвени“.

Минатата недела Северна Кореја се закани дека ќе изведе „незамислив“ напад на САД обвинувајќи ја Америка дека со своите сојузници меѓу кои и Јужна Кореја се обидува да почне војна на јужнокорејскиот полуостров по секоја цена.