Продолжуваме со изградбата на Основното училиште „Вера Јоциќ“ кое следната година треба да биде пуштено во употреба, ќе следи втората фаза за изградба на нова училишна спортска сала, а во самиот училишен двор ќе се изгради и спортско повеќенаменско игралиште, вети кандидатот за градоначланик на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за општина Гази Баба Тони Трајковски при денешната посета на населбата Хиподром.

– Ќе продолжиме и со проектот поддршка на колективните згради во делот на санација и реконструкција на кровови, фасади и лифтови, а исто така ќе го започнаме проектот за поддршка за проширување на топловодното греење во колективните згради, односно субвенционирање на подстаниците и внатрешни инсталации, рече Трајковски. Меѓу проектите кои ги најави за Хиподром се и уредување на просторот пред секоја зграда, засадување нови дрвја, продолжување на проектот за поставување подземни контењери, реконструкција на сите улици во оваа населба, изградба на тротоарите, продолжување со проектот Хиподром 2 за плацеви по евро метар квадратен за млади брачни парови, а како многу значаен проект за жителите на населбата Хиподром го посочи проширување на улицата Благоја Стефковски.
– Со овие проекти ќе направиме населбата Хиподром да биде поубаво и попријатно место за живеење за нашите сопграѓани. Затоа, почитувани сограѓани на 29 октомври масовно да излезете да го заокружите бројот 13 за да можеме заеднички овие проекти на дело да ги реализираме.