Кинескиот претседател влезе во Уставот, сега е најмоќен на светот

од desk2
102 прегледи

Владејачката кинеска Комунистичка партија го измени Уставот за на претседателот Си Џинпинг да му даде уште поголеми овластувања.

На тој начин Си стана најмоќниот лидер на светот уште од времето на Мао Цетунг и Денг Сиаопинг, а партијата доби апсолутна контрола над вооружените сили.

Повеќе од 2.000 делегати собрани во Пекинг едногласно ја осигурија поддршката за идеологијата на Си на 19. Конгрес на партијата, најважниот политички собир во кина.

Си од 2012 година, кога стана претседател, константно ги зголемуваше своите моќи, а со последниот потег секое спротивставување на Си ќе биде сметано за закана за владеењето на Комунистичката партија, пишува BBC.

Претседателските видувања на социјализмот во Кина во новата ера, односно неговата идеологија вградена е во Уставот на земјата, така што учениците во училиштата, студентите на факултетите и државните работници ќе им се придружат на членовите на Комунистичката партија, а ги има 90 милиони, во испорачувањето на „новата ера на социјализмот со кинески карактеристики“.