Грчки палачинки, без млеко и јајца

од desk2
82 прегледи

Грците отсекогаш се хранеле здраво, а подготвувањето на храната им била едноставна.

Можеби не сте знаеле, но палачинките не се измислени во модерната кујна.

Тие исто така им го засладувале животот и на античките Грци.

Се подготвуваат на малку поразличен начин од традиционалните палачинки, но секако се многу вкусни и вреди да се обидете да ги направите.

Потребни состојки:

100g брашно
8 лажици мед
1 лажица сусам
1 лажица маслиново масло
200ml вода
Начин на подготовка:

Брашното ставете го во еден сад и постепено додавајте ја водата. Мешајте со жица за да не се создадат грутки.

Потоа постепено додајте 4 лажици мед.

Загрејте тефлонска тава, ставете го сусамот и пржете додека не добие златно жолта боја. Префрлете го во мал сад.

Во истата тава ставете го маслото и ставете ¼ од смесата за да се обликува округла палачинка.

Печете ја палачинката од двете страни додека не пожолти.

Ова е смеса за 4 палачинки, а вие може да ја зголемите пропорционално.

Печените палачинки премачкајте ги со мед, посипете со сусам и послужете.