Почина рокенрол легенда

од desk4
94 прегледи

Почина рокенрол легендата Фатс Домино, објавија светските медиуми. Музичарот починал во неговиот дом во Њу Орлеанс во 89 година.

Неговото семејство рече дека тој починал од природна смрт. Легендата, чие вистинско име е Антоан Домино, го доби својот прекар по успехот на песната “The Fat Man” објавена во 1949 година.

Потоа снимие некои од најголемите хитови од 1950-тите, како што се “Ain’t That a Shame” и “Blueberry Hill”. Домино свиреше на пијано и имаше специфичен стил, кој беше под влијание на буги-вуги нарацијата.

Пејачот од Њу Орлеанс продаде 65 милиони плочи. Во текот на последната деценија, имаше неколку јавни настапи, но тој не беше заборавен.