
Американскиот актер и режисер Џорџ Клуни објави дека донира еден милион долари за борба против корупцијата и воените злосторства во Африка.
Парите беа донирани од Фондацијата за правда на Куни, која започна со работа во 2015 година, а беше основана заедно со активистот за човекови права Џон Прендергаст и ја нарекоа „Страж“.
За иницијативата веќе донираше и американскиот актер Дон Чејдл. Заедно со донацијата на Клуни, износот што ги доби фондацијата изнесува 3,45 милиони долари.
Иницијативата „Страж„има за цел да ги открие финансиските мрежи за финансирање на конфликтите во Африка. Парите ќе и помогнат на иницијативата да се подготват извештаи за нелегалните финансиски текови и за државни финансиски злоупотреби во Судан, Јужен Судан, Конго, Сомалија и Централно африканската република.