38-годишен Британец лета над Јужна Африка со стол на расклопување, поврзан со балони со хелиум.
Авантуристот неколку пати се обидувал да се издигне во воздухот во Боцвана, но поради неповолни временски услови – без успех.
На крајот, тој направи последен обид во Јоханесбург, кој беше успешен. Том Морган успеа да се издигне во воздухот и не само тоа. Тој достигна височина од 2 400 метри.
При донесувањето на инверзиониот слој на атмосферата брзината на издигнување нагло се зголемила и тој требало постепено да дупнува балони, за да успее да се спушти непречено.
Морган сака да организира трка со такви балони во Африка, но свесен е дека треба теренот да е внимателно избран, за да нема бодликави грмушки.