Граѓанскиот активист Никола Наумоски е поставен за шеф на кабинетот на новиот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов.

Наумоски беше дел од изборната кампања на Шилегов кој го победи противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ, досегашниот градоначалник Коце Трајановски, уште во првиот круг.
Шилегов освои 141.164 гласови додека Трајановски имаше 101.472 гласови, односно разлика од скоро 40 илјади гласови.
Наумоски беше дел од „Плоштад Слобода“ и добро ги познава проблемите на градот. Во јавноста е познат како жесток критичар на проектот „Скопје 2014“.