Рускиот државен фонд има намера да стане партнер во изградбата на новиот мега град во Саудиска Арабија.

Како што веќе беше соопштено, престолонаследникот на Кралството Мухамед бин Салман, новата зона би требало да биде три пати поголема од Кипар, односно 33 пати поголема од Њујорк.
Градот би се викал Неом, а изградбата би чинела 500 милијарди долари. Очигледно оваа прилика е примамлива, па од Русија искажаа заинтересираност.
Како што рече директорот на рускиот фонд Кирил Дмитриев, во изградбата на новиот град на северозападниот брег на Црвеното море Русија ќе вложи неколку милијарди долари.
„Постојат многу други руски компании кои имаат намера да инвестираат во тој град“, додаде тој.