(ВИДЕО) Јанчев ги повика граѓаните да не потпаѓаат на притисоци

од desk4
102 прегледи

Митко Јанчев на денешната прес конференција им се заблагодари на граѓаните на Кавадарци за добиената подршка и победата која му ја донесоа во првиот круг.

Тој истакна дека малку недостасувало уште во првиот круг да ја заокружи победата.

– И покрај сите притисоци и закани Kавадарчани се силни и знаат разумно да одлучат, тие не паѓаат на ниски удари и се народ кој знае да ги препознае квалитетите, народ кој размислува за иднината на нашите деца, додаде тој.

Според Јанчев програмата која тој ја нуди, креира светла иднина за општината. Тој им се заблагодари на коалиционите партнери од ГРОМ кој во недела ќе дадат подршка за неговиот избор.

Во недела повика на фер атмосфера и глас даден по волја на граѓаните и без паѓање на притисоци.