Групно венчавање во храмот Рождество на Пресвета Богородица во Скопје

од Vladimir Zorba
76 прегледи

  Во храмот Рождество на Пресвета Богородица во Скопје во недела ќе биде одржано групно венчавање на православни верници кои од разни причини не се венчани во црква, а се во граѓански брак.

Сите верници кои имаат желба, а досега немале можност да се венчаат во црква, можат да се пријават во самиот храм кај парохиските свештеници или на телефонскиот број 02 3227-165.

Сите брачни двојки кои ќе се венчаат ќе добијат осветена икона од Пресвета Богородица, а за највозрасниот брачен пар ќе има посебен подарок, информираат од Скопската епархија на МПЦ-ОА